Љубовен хороскоп од 4 – 10 јануари 2016

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Првата недела на 2016-та година започнува тешко во секторот на љубовта. За неа нема да биде лесно на оваа недела. Во вторникот, Венера ќе биде во квадрат со Нептун, што ќе натера многу од претставниците на Хороскопските знаци да игнорираат важни нешта во врската.bd0dd28394d7ecbf9224ae439f34f769

Од друга страна е и ретроградниот Меркур, кој ќе спречува донесување адекватни решенија во романтичните односи. Еве што покажува ѕвездената карта за поединечни знаци.

Овен
Со разочарување ќе најдете дека вие и партнерот не споделувате исти верувања и вредности. Иако треба да ги почитувате разликите околу разбирањата, не сте подготвени да направите одредени компромиси. Во првата недела од 2016-та година ќе треба да одлучите дали и како да ја продолжите врската.

Бик
Кај овие претставници на зодијачкиот знак, кои се наоѓаат во врска, може да се појават финансиски прашања за решавање. Може да се разочарате од фактот дека не можете да се потпрете на партнерот за парична помош. Преземете ја контролата над сопствената судбина, но размислувајте ја добро врската.

Близнаци
Очекувајте момент на созревање во секторот на љубовта. Во оваа недела ќе треба да се погледне реално на вашата врска. До петок ќе стане јасно дали сте подготвени да продолжите заедно гледајќи во една насока, или иднината ќе ви донесе само разочарувања во љубовта.e711ce3436bea08e491eab6e6bd28cc7

Рак
Канцелариската романса може да помине од сон во проблем на работното место. Ако чувствата се взаемни, во оваа фаза зачувајте врската во тајност, за да не се наметне уште во почетокот на годината да изберете помеѓу љубовта и работата. Генерално на љубовен план годината започнува неодлучно за вас, но очекувајте убави емоции од иднината.

Лав
Ќе биде тешка и одлучувачка недела за љубовта. Иако се обидувате да избегнете донесување на важна одлука, ќе сфатите дека сте морале да направите избор. Ако се наоѓате во необврзувачка сексуална врска, многу е веројатно да ги прекинете односите, ако не сакате да останете повредени. Не бидете со некого, само за да не сте осамени. Тоа не е љубов.

Девица
За Девицата седмицата почнува со чувство на незадоволство, особено за оние кои живеат заедно со партнерот. Можно е да има конфликт помеѓу вас, заради решение во кое не сте на исто мислење со партнерот. Овој конфликт ќе влијае на одреден начин на врската и може да се најдете во ќорсокак.

Вага
Ќе се обидете да избегнете важен разговор со партнерот, но без успех. Се чувствувате така како одредени работи кои не ви се допаѓаат да се повторуваат одново и одново. Не ја избегнувајте комуникацијата меѓу вас. Само така ќе ги решите недоразбирањата. Добрата вест е дека на крајот на неделата ѕвездите ви ветуваат многу романтика.

Шкорпија
За Шкорпиите седмицата исто започнува со спроведување на важни разговори со партнерот. Ако се наоѓате необврзувачка сексуална врска може да сфатите дека таа или тој ве користи за пари. Страда не само вашата банкарска сметка, но и вашето его. Ќе размислите и за тоа дали парите навистина можат да купат љубов.9f3b748b43305a4ae83f7caa91ec638e

Стрелец
Сериозна недела во однос на љубовта ги очекува родените во знакот на Хороскопскиот знак Стрелец. Благодарение на Венера и Сатурн ќе ја видите вистинската слика за вашата врска. Престанете да го игнорирате она што ви пречи во љубовта. Започнете ја годината среќни и со желба за романтика.

Јарец
Има некаква тајна поврзана со љубовта, која подолго време не ви дозволува да бидете вистински среќни. Во првата недела од 2016-та година ќе се оди против несигурноста. Можно е да побарате совет од близок пријател. За оние од вас кои ја бараат својата сродна душа, годината започнува ветувачки во оваа насока.

Водолија
Ако неодамна се појавила хемија помеѓу вас и ваш пријател, можно е да почнете да чувствувате еден кон друг нешто повеќе од пријателство. Од друга страна има опција да одлучите дека е подобро да останете платонска, отколку сексуална врска.

Риби
Новата 2016-та година започнува со интересен предлог во однос на работата. Новите развојни планови ќе влијаат врз вашиот љубовен живот. Не е исклучено да треба да направите голем број компромиси со себе и партнерот, додека се искачите по скалите на успехот. Додека вие се чувствувате подготвени да го превземете овој предизвик, вашиот љубовен живот може да страда.