Љубовта нè прави дебели

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Мажите и жените прават што ли не, за да изгледаат добро и да ги зголемат шансите да се состанат со “љубовта на својот живот” и се чини дека кога тоа ќе се случи, забораваат за вагата. Новото истражување на Forzadiet.com покажува дека паровите брзо почнуваат да качуваат килограми, кога ќе влезат во т.н. “комфорна зона”.044dfa043718f71ff301caef42cd41c8

Според истражувањето ова се случува најмногу прогресивно во третата година по почетокот на нивната врска. 18% признаваат дека имаат стекнато најмногу килограми за време на “меден месец” на врската. Смирената зона се покажува критична за 54% од вљубените.

Човек качува во просек по околу 1,8 кг. секоја година во која е заедно со партнерот, велат авторите на студијата.

Две третини од анкетираните признаваат дека промената во нивната тежина се должи најмногу на тоа што ги стекнуваат штетните навики во исхраната на своите партнери. 54% од жените изјавиле дека нивната промена во фигурата ги натерала и мажите да се опуштат.

Во истражувањето се вели дека паровите можат не само лесно да ја зголемуваат телесната маса, но и да слабеат. 61% велат дека би се подложиле на диета или би тргнале на фитнес, ако се мотивирани од начинот на живот и активност на своите најблиски.

“Да, љубовта е најпрекрасното нешто на светот. Но, штом еуфоријата помине и паровите влезат во својата комфорна зона, лесно може да ги занемарат здравствените навики и да се опуштат. Добро е што сè повеќе вљубени се мотивираат еден друг за здрав начин на живот и заедно се запишуваат за различни активности и во различни диететски програми “, објасни Ли Смит, менаџер на сајтот Forzadiet.com.

Слични содржини