Љупчо Николовски со нови сознанија за кривичните од министерството за земјоделство

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Случајот со раководителот на подрачната единица на Министертсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство  во Битола, Илија Србиновски на кого му поднесовме кривична пријава  за злоупотреба на службената положба и овластување, почнува да се разрешува.

лјупцо

Од известувањето  кое го добивме од Јавното обвинителство потврдуваат  судир на интереси.  Во известувањето се вели:

Бидејќи во кривичната пријава која ја имате попднесено до ова Обвинителство произлегува дека кај пријавениот има судир на инетерс, а воедно дека намерно предизвикал штета на земјиштето кое било доделено на неговата сопруга, кривичната пријава заедно со сите прилози е доставена на натамошно надлежно постапување на Основно Јавно Обвителство Битола.

Министерот  Михаил Цветков најмалку што можеше досега е да го разреши Илија Србиновски и да си поднесе оставка. Вакво нешто е ндеозволиво да се толерира во иституција на владата. Илија Србиновски има кривична пријава за договор со кој е прекршен Законот за земјоделско земјиште во 2010 година а цели 5 години контролата во министертвото не фунционирала, односно повисоките органи со години штителе незаконско работење и злоупотреби во самото министерство.

Но наместо оставка, Цветков продолжува да се крие зад Министерството за земјоделство и да испраќа соопштенија во кои ме прашува  мене. Од кого тој очекува одговор која јас како дополнитеелн заменик министер сум дел од оваа инастуција.

Нема бегање од одговорност, секој што го прекршил законот вклучувајќи го и Министерот Цветков ќе се соочи со последиците.

Кривична пријава е подготвена и за Цветков за злоупотреба на службената положба, потачува дополнителниот заменик министер  во земјоделското министерство.