Лога-Јан Коп: Без поддршка од ЕУ и САД не може да се реализира ветингот

од Nikola Popovski
160 прегледи

Министерот за правда Кренар Лога денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија во нашата земја Н.Е Дирк Јан Коп.

Лога му се заблагодари на амбасадорот Јан Коп за интензивната соработка и посветеноста на европската реформска агенда како и помошта која е дадена преку проектите кои се финансирани од Холандија а се однесуваат на квалитетот и отчетноста на македонскиот правосуден систем, зајакнување на отчетноста, ефикасноста и транспрентноста на Судскиот совет, поддршка на Академијата на судии и јавни обвинители,владеење на правото, слободата на медиумите, заштитните мерки против корупцијата.

На средбата се говореше за финализирањето на изработката на новата Стратегија за реформа во правосудниот сектор 2023-2027, подготовката на новиот Кривичен законик, скринингот како и зајакнување на капацитетите за водење на преговорите во Поглавјето 23,, Правосудство и фундаментални права”.

Амбасадорот Јан Коп изрази интерес за иницијативата за подготовка на нов Изборен законик. Министерот Лога информираше дека работната група не може да отпочне со работа поради фактот што ВМРО ДПМНЕ не предлага свој член и покрај неколкуте барања за номинација на нивен претставник.

Во однос на најавата за отпочнување на ветингот, министерот за правда Кренар Лога рече дека овој процес не може да се реализира ако нема поддршка од САД и ЕУ.

Амбасадорот Дирк Јан Коп му посака на Лога успех во извршувањето на функцијата министер и порача дека Холандија и во иднина ќе реализира проекти во областа на правосудството давајќи поддршка на затворскиот систем, Јавното обвинителство, Судскиот совет , како и поголема примена на медијацијата во нашата земја.

Слични содржини