Лога до Апасиев: Двојазичните изводи не се поништени, истите беа во употреба уште од времето на твојот Тито

од Nikola Popovski
384 прегледи

Министерот за правда, Кренар Лога се огласи со реакција до Левица откако партијата си зеде заслуги за поништувањето на графата „националност“ во Упатството за водење на матични книги.

-Почитуван професор Апасиев, научете ги децата во правниот сектор во Левица да пишуваат вистинито и соодветно за одлуката на Уставниот суд. Иницијативата на ,,Левица ” за оценување на уставноста на Законот за матична евиденција воопште не влезе во постапка затоа што ги немаше потребните гласови на јавна седница на Уставен суд. Оваа одлука, која вчера ја донесе Уставниот суд се однесува на формалниот дел, за почитување на уставниот рок за објавување во Службен весник, а не и за материјалниот дел (содржина), истакна Лога.

Министерот бара од лидерот и пратеник на Левица да не објавува невистини.

-Господине Апасиев, како политичар, можете да си дозволите себеси да манипулирате со популистички реакции во јавноста, но како професор по право, недозволиво е да кажувате невистини. Прво, оваа одлука не е донесена по Ваша иницијатива за оценување на законскиот рок, и второ, двојазичните изводи не се поништени, тие важат и истите беа во употреба уште на времето на твојот Тито. Така ќе останат и натаму, стои во реакцијата на Лога.

Уставниот суд на на 5 јули 2023 година по сопствена иницијатива поведе постапка за оспореното Упатство поради сомнеж дека со негово донесување од страна на Министерството за правда е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова Упатство.

Упатството е поништено бидејќи Судот оценил дека е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот. Тој член предвидува рок за објавување најдоцна за 7 дена од денот на донесувањето.

Слични содржини