Лога го демантира Јолевски по изјавата дека министерот нема право да го бара записникот од Судскиот совет

од Nikola Popovski
191 прегледи

Министерот за правда, Кренар Лога е изненаден од изјавата на претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски и вели дека не очекувал од висок претставник на судската власт кој треба да ги знае Уставот и законите, во јавноста да изјавува дека министерот за правда нема право да го бара записникот од Судскиот совет.

Министерот за правда согласно Уставот е член на Судскиот совет по функција. Судскиот совет редовно го поканува министерот за присуство на седниците и испраќа извештаи за својата работа.

-Членот 15 од Деловникот предвидува дека записникот покрај останатите податоци содржи податоци за дневниот ред што е утврден на седницата, наводите , изјаснувањата и предлозите на присутните на седницата , спроведената расправа, донесените одлуки и резултатот од гласањето. Записникот се разгледува и усвојува на седница на Советот, а по евентуални забелешки, Советот донесува заклучок кој што е составен дел на записникот на кој се однесувала забелешката. Усвоениот записник од седницата на Советот го потпишуваат претседтаелот на Советот и генералниот секретар, односно лицето што го водело записникот. Судскиот совет има обрска примерок од записникот да достави до членовите на Судскиот совет по електронски пат, велат од ресорот Правда.

Се додава дека министерот за правда како член на Судскиот совет има право да реагира и да бара исполнување на обврската за доставување на Записник од седница на Судски совет.

-Ве информирам дека до овој момент до Министерството за правда сеуште не е пристигнат одговор на писмениот допис од Судскиот совет со кој се бараше да се достават на увид Записникот од 438-та седница и усвоениот дневен ред.

Министерството за правда и јас како министер со големо внимание ги следиме состојбите во судството и обвинителството и во оваа насока увидот ќе ни помогне во определување на правецот во кој е потребно да се движат законските измени за отстранување на сите недоследности во функција на обезбедување на владеење на правото и реформи во правосудството.

Очекуваме во најскоро време да се надмине ситуацијата во Судскиот совет и тој да претставува орган кој ќе го штити а не нарушува угледот на судството, стои во демантот на Лога.

Слични содржини