Лога го потпиша Упатството со кое се предвидува да стои графа за етничка припадност во изводите

од Nikola Popovski
371 прегледи

Министерот за правда Кренар Лога го потпиша Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матични книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, каде ќе стои графа за етничка припадност.

Ова Упатство ќе стапи на сила по истекот на 8 дена од објавувањето во Служнбен весник за изводите на родените додека за другите изводи поради финансиски импликации, Упатството ќе започне да се применува од 1 јануари 2024 година.

Слични содржини