Лога ја поздрави одлуката на Управниот суд за враќање на Дамева на чело на Судскиот совет

од Nikola Popovski
252 прегледи

Министерот за правда, Кренар Лога ја поздрави одлуката на Управниот суд со која се поништува одлуката за разрешување на Весна Дамева од претседател на Судскиот совет како незаконска, со што Дамева се враќа на претседателското место во Судскиот совет.

Според него, со ова се потврдуваат сите наводи кои во изминатиов период ги имаше за работењето и постапувањето на Судскиот совет со што се докажува дека на оваа институција и се неопходни реформи.

-Одлуката на Управниот суд влева надеж за враќање на довербата во институциите и почитување на принципот на владеење на правото, вели Лога.

Дамева на 26 април беше разрешена од функцијата претседател на Судскиот совет. На седницата на Судскиот совет настана расправија откако Дамева одби да стави точка на гласање која ја немаше во дневниот ред. Нејзиниот заменик Селим Адеми тогаш го презеде раководењето со седницата и сповика на гласање за нејзино разрешување, при што седум члена (вклучително и Адеми) гласаа „за“, а тој констатираше дека Дамева е разрешена и во нејзино присуство го презеде раководењето со седницата.

Весна Дамева беше избрана за претседателка на Судскиот совет на местото на Павлина Црвенковска во декември минатата година. Функцијата претседател на Судски совет досега ја извршуваше Сашко Георгиев, кој дојде на нејзино место.

Слични содржини