Лога ја поздравува одлуката на Уставниот суд за укинување на уште еден пропис

од Nikola Popovski
1,6K прегледи

Министерот за правда, Кренар Лога ја поздравува одлуката на Уставниот суд за укинување на уште еден пропис по поднесена иницијатива за пречекорување на уставниот рок за објавување во Службен весник.

Со оваа одлука се укинува Правилникот за формата и содржината на прекршочнниот платен налог, донесен од министерот за животна средина (Службен весник на Република Северна Македонија број 128/2023).

-Воедно уште еднаш од Уставниот суд бараме по службена должност да постапува и со другите прописи во државата кои се објавени во спротивност со уставниот рок во член 52 од Уставот.

Исто така, непреземањето на соодветни дејствија со цел обезбедување на почитување на уставниот рок, за кои Уставниот суд, знаел или можел да знае, подразбира основа за кривична одговорност, бидејќи тие би требало да ги следат прописите кои се објавени во Службен весник, стои во соопштението на ресорот Правда.

Слични содржини