Во неколку изјави ВМРО-ДПМНЕ има дадено простор дека ќе ги подржи уставните измени, и тоа најмалку два пати. Нивниот лидер еднаш рече дека бара цврсти гаранции од ЕУ, па кажа дека ќе имаат позитивен став ако имаме формулација како во Хрватска. Така да, ако ВМРО не најде сила како една од најголемите политички партии, внатре во ВМРО-ДПМНЕ ќе се најдат вистинските луѓе кои знаат да ја препознаат иднината на државата, дека нема друг пат, бидејќи ова што се бара и очекува од нас мора да се исполни, вели Министерот за правда, Кренар Лога во интервју за РСЕ.
Ги нарече „храбри“ и „извонредни“ луѓето кои што прифатија да бидат дел од работната група за уставни измени.
-Во вистинскиот момент најдоа време иако знаеја дека ќе бидат оцрнети од дел од јавноста да го дадат својот придонес за ние да станеме дел од фамилијата на ЕУ. И верувам дека со нив ќе имаме успешна приказна која треба на јавноста да и ја прикажеме пред да ја усвоиме во Собрание, порача Лога.