Новиот министер за правда, Кренар Лога смета дека е најголем скандал во државата тоа што опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица одбиваат да гласаат за уставните измени и внесување на бугарското малцинство во преамбулата на Уставот.
Лога синоќа во дебатна емисија порача дека „раководствата на двете партии се најголемите виновници“.
-Јас мислам дека уставните измени ќе бидат решение брзо, особено кога сме блиску до договор меѓу Косово и Србија. Ова ќе го направи патот многу полесен да се реши и оваа мисија, кажа Лога.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ја губат надежта за победа на следните избори.
-ВМРО-ДПМНЕ загуби еден иден партнер. Алијанса за Албанците ги остави нив без надеж, бидејќи тие без албански партнер не може да дојдат на власт. Ја дадовме најдобрата можна лекција, рече Лога во емисијата „Клик плус“.