Лога: Нe Народна, Нe Социјалистичка, Нe Северна , ова е бедна Македонија!

од Vladimir Zorba
501 прегледи

Министерот за правда Кренар Лога го посети подрачното одделение на Министерството за правда во Битола при што беше констатирано дека вработените работат во субстандардни услови.

„Нема лифт во зградата во кое е сместено одделението ,а вработените кои се со инвалидитет немаат пристап до работното место кое е на петиот спрат во зградата.

Недостасува канцелариски мебел, вратите и прозорците се оштететени и претставуваат опасност за странките кои доаѓаат да бараат бесплатна правна помош.

Со влезот во ЕУ, преку фондови ќе се обезбедат средства за полесен пристап до правдата за ранливите категории“, сподели тој и додава:

„Нe Народна Македонија, Нe Социјалистичка Македонија, Нe Северна Македонија. Ова е бедна Македонија! ДЕНЕС ОД БИЛО КОГА НИ Е ПОТРЕБЕНО
ЕВРОПСКА УНИЈА“.

Слични содржини