Лога: Негласањето на Амнестијата е одмазда оти не ги поддржав измените на Кривичниот законик

од Nikola Popovski
203 прегледи

Министерот за правда Кренар Лога денеска на прес-конференција во Собранието изјави дека повторно ќе го поднесе законот за амнестија, овој пат по редовна постапка.

-Денеска Северна Македонија е понеправедна од вчера. За жал јас ова го гледам како одмазда за неподдршката од моја страна и од мојата партија за измените на Кривичниот законик, порача министерот.

Според Лога, ако пратениците сакаат де жаву, пак ќе ја имаат таа можност уште еднаш да гласаат за оваа работа“.

-Ако се донесуваат преку ноќ закони за големи риби, тогаш јас имам кажано од прв ден дека сум на страната на граѓаните. И така ќе постапам до крајниот ден кога ќе бидам јас на оваа позиција, порача министерот.

Од 120 пратеници, само 15 гласале за носењето на законот, од ДУИ и од Алијанса за Албанците. Останатите 66 пратеници, меѓу кои и од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ биле против, а тројца гласале воздржано

-Законот го пуштивме во собраниска процедура иако имаше спротивни аргументи од тие на Лога, порача премиерот Димитар Ковачевски. Затворите не може да се растоварат со амнестијата бидејќи над 2.000 лица треба да влезат да издржуваат казна затвор.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се подготвуваше да го блокира законското решение со близу 5.000 амандмани. По ваквиот развој во пленарната сала, Мицкоски со став дека можеби има недоразбирање меѓу Ковачевски и парламентарците од СДСМ.

Слични содржини