Логa: Никој не може да ја спречи употребата на албанското знаме

од Nikola Popovski
196 прегледи

Екс-министерот за правда и член на Алијанса за Албанците, Кренар Лога порача дека никој не може да ги спречи Албанците да го користат нивното национално знаме, а на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски му посочи дека може да дозволи или забрани знамиња само во неговата приватна куќа.

Откако претседателот на Движењето, кое стана дел од новата владеачка гарнитура, се закани дека ќе ја напушти Владата доколку министрите од коалицијата ВЛЕН повторно го постават албанското знаме во просториите на владината зграда на координацијата меѓу министрите, Лога на Фејсбук објави дека секоја заедница може да користи свое знаме, кое е дел од Преамбулата на Уставот.

„Никој не може да ги спречи албанските граѓани на Северна Македонија да го користат своето државно знаме, а најмалку Димитриевски – тој може да дозволи или забрани знамиња во својата приватна куќа. Владата е дом на сите граѓани на Северна Македонија, значи една третина од вкупното население, во случајов на Албанците“, напишал Лога.

Тој додал дека државното знаме на Македонија го почитуваат сите, така што секој мора да ги почитува и соодветните симболи.

„Таканаречениот српски етноцентризам се појавува како црн облак над нашата земја, и е лош знак, затоа запрете ги експериментите врз државата која секој ден се повеќе се обидувате да ја поделите и разедините. Засукајте ги ракавите и работете за иднината на оваа земја, доста со постизборна кампања“, посочил Лога.

Слични содржини