Лога: Нула неевидентирани лица – прво место во Европа и второ во светот

од Nikola Popovski
253 прегледи

Министерот за правда Кренар Лога , заедно со премиерот Димитар Ковачевски ,директорот на УВМК Емир Сулејмани, Државниот секретар во МП Мухамед Точи и пратеничката Љатифа Шиковска  им поделија изводи од матичната книга на родени на досега неевидентираните лица.

-Прво место во Европа и второ во светот кои го решаваме проблемот со неевидентираните. Овие лица повеќе нема да бидат маргинализирани, дискриминирани, лишени од пристапот до здравствена и социјална заштита, образование и пристап до правдата, истакнуваат од Министерството за правда.

Велат дека дале поддршка на подготовката на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени кој беше донесен во 2020 година.

-Предлог на Законот за изменување и дополнување на овој закон беше поднесен од група пратеници во Собранието а донесен на 14 Јуни 2023 година. Согласно Конвенцијата за правата на детето ,со овој закон се гарантира правото на упис во матична книга на родени на секое дете родено на територијата на Република Северна Македонија  веднаш а најдоцна  45 дена од денот на раѓањето на детето, независно од државјанството и личниот статус на неговите родители.

Донесувањето на овој закон ја покажа  нашата политичка волја за почитување на човековите права на неевидентираните лица, порачаа од ресорот правда.

Слични содржини