Лога: Обвинителите и судиите се контролирани од олигарсите

од Nikola Popovski

Обвинителите и судиите се повеќе контролирани од олигархијата отколку од политиката, изјавил синоќа министерот за правда, Кренар Лога во гостувањето во емисијата „Клик плус“.

Министерот изрази посветеност за реформирање на Судскиот совет. Тој го спомна и претседателот на Кумановскиот суд, кој според него, не го положил тестот за интегритет, но повторно е избран за претседател на судот.

„Овој судија падна на тестот за интегритет и повторно му беше дозволено да биде претседател на Судот. Вчера имаше таков тест за кандидатите, а оние кои не го положија овој тест беа елиминирани“, изјавил Лога.

Се осврнал и предлог-законот за амнестија кој не доби поддршка од пратениците. Посочил дека од коментарите на социјалните мрежи една од причините можеби била „големата горчина на Македонците“.

„Имаше гнев кај Македонците дека многу Албанци ќе бидат амнестирани и македонските политичари да не гласаат за тоа, рекол министерот во емисијата.

Слични содржини