Лога: Прекршувањето на волјата на мнозинството на албанското население во Македонија е исто толку опасно како и прекршувањето на Договорот од Преспа

од Nikola Popovski
609 прегледи

Прекршувањето на волјата на мнозинството на албанското население во РСМ е исто толку штетно и опасно, како и прекршувањето на Договорот од Преспа или Преговарачката рамка со ЕУ, смета министерот за правда во заминување, Кренар Лога, објавувајќи фотографија од вчерашната конститутивна седница во Собранието и изборот на Африм Гаши за нов претседател на Парламентот.

Според него, „ако се направи обид да се инсталира нормалноста на вазалството во однос на Албанците, тоа ќе произведе деформации кои можат да ја загрозат кохерентноста и кохезијата меѓу заедниците, но и државотворноста кое со толку труд и пожртвуваност со децении е градена“.

-Трчањето по функции подарени од ВМРО-ДПМНЕ е моментално заслепување, но со национални и долгорочни последици. Злоупотребата на бројот на мнозинската заедница во Северна Македонија произвело само последици за Албанците, напиша Лога во објавата на социјалните мрежи.

Лога е дел од коалицијата Европски фронт. Тој воедно е и дел од крилото на Зијадин Села од Алијанса на Албанците кои застанаа на чело на партијата откако Арбен Таравари реши да се приклучи на коалицијата ВЛЕН.

Слични содржини