Лога разговараше со Стојков за правата на Македонците во Бугарија

од Nikola Popovski
142 прегледи

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со Стојко Стојков, копретседател на ОМО Илинден Пирин. На средбата Лога беше информиран за статусот и правата на Македонците во Бугарија .

Стојков изрази благодарност до Лога за неговиот интерес за правата на Македонците во Бугарија и посочи дека тој е првиот министер за правда кој ги повикал на разговор.

Се дискутираше и за годишниот извештај на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во кој е посочено дека Република Бугарија не ја спроведува пресудата за основните човекови права на слободно здружување која ОМО Илинден Пирин не може да ја реализира и да се регистрира.За неспроведувањето на 14-те пресуди на судот во Стразбур во корист на македонците во Бугарија ќе бидат информирани и меѓународните фактори.

Слични содржини