На денешната средба на министерот за правда Кренар Лога со новата амбасадорка на Германија ,Н.Е Петра Дрекслер се разговараше за уставните измени, скринингот, евроинтегративните процеси ,актуелните состојби во правосудството.
Лога ја информираше Дрекслер дека работната група за подготвување на предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот интензивно работи и очекува во најскоро време да се излезе со конкретно решение. Амбасадорката Дрекслер посочи дека ова е значаен чекор за нашата држава која заслужува да биде дел од Европската Унија. Покрај промените на Уставот, областа на правосудството е од одлучувачко значење на овој пат.
Дрекслер беше информирана и за состојбите во Судскиот совет, законодавната агенда во Собранието,како и активностите на Министерството за правда во подготовката на Стратегијата за реформи во правосудството 2023-2027, Кривичниот и Граѓанскиот законик,законите за помилување , за извршување на санкции, за донации и спонзорства .Се разговараше и за измените на Законот за матична евиденција со кој ќе се реши деценискиот проблем на неевидентираните лица.
Соработката со Сојузна Република Германија ќе продолжи и во наредниот период, се вели во соопштението на МП за средбата.