126
На средбата со шефот на Секретаријатот на РАИ, Десислава Готскова се разговараше за интензивирање на соработката, исполнетите обврски на Министерството за правда во РАИ, законската регулатива.
Министерот за правда Кренар Лога ги информираше претставниците на РАИ за тековните активности, процесот на дигитализација, интероперабилноста на правосудните институции, автоматската распределба на предметите.
РАИ ги истакна областите на кои работат, приоритетите во идниот период како што се заштитата на укажувачи, конфискацијата, финансиските истраги , корупција во областа на безбедноста.
Соработката со институционалните мрежи ќе продолжи и во наредниот период.