Лога со реакција до Мицкоски: Ние сме лудаци – трошиме на чоколада, а немаме леб дома

од Nikola Popovski
612 прегледи

Министерот за правда, Кренар Лога се огласи со реакција на денешниот изнесен став на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој најави дека неговата партија ќе го блокира новиот Закон за амнестија.

-ВМРО: „Ние сме лудаци. Ние трошиме на чоколада а немаме леб дома“, објави Лога на социјалните мрежи.

Претходно Мицкоски порача дека закон кој што е предложен, а од вчера и на јавноста достапен е Закон за амнестија на криминалци за кои, како што вели, одредени политички партии во минатото даваа ветување дека или ќе бидат ослободени целосно или делумно.

-За жал, тие политички партии или дел од тие полтички партии денеска се од владата и можете да видите дека таквиот закон не одговоара ама буквално ниту на потребите, ниту на очекувањата на граѓаните и во име на тоа ВМРО-ДПМНЕ не само што нема да го поддржи овој Закон за амнестија, туку и истиот, преку демократски алатки, ќе го блокира, рече Мицкоски.

Министерството за правда го подготви предлог Законот за амнестија  со кој се овозможува ослободување и намалување на затворски казни за лесни кривични дела. Со законот се предлага лицата на кои им е изречена казна затвор до 6 месеци потполно да се ослободат од издржување на казната. Осудените лица на кои им е изречена казна затвор над шест месеци, се ослободуваат од издржување на 30% од целокупната казна изречена со правосилна пресуда.

Слични содржини