Лога: Стратегијата за развој на правосудниот систем 2024-2028 е патоказ за враќање на довербата на граѓаните во судството

од Nikola Popovski
222 прегледи

Министерот за правда Кренар Лога и претседателот на работната група Академик Владо Камбовски ја презентираа Развојната Стратегија за правосудството која беше усвоена на последната валдина седница а со која се предвидени суштински реформи.

,,Ова е стратешки документ кој се донесува заради утврдување, планирање и спроведување на политиките за натамошен развој на првосудниот систем. Покрај прашањата поврзани со судството, Стратегијата предвидува и низа мерки во други области кои се значајни за извршување на функциите на правосудниот систем и ефикасно остварување на правата на физичките и правните лица пред правосудните органи.  Основната цел е да се почитува начелото на владеење на правото и да се врати довербата на граѓаните “,рече Лога.

Претседателот на работната група ,Академик Владо Камбовски посочи дека се наоѓаме во време кога пред нас е започнување на преговори со ЕУ, а без напредок на тој кластер не може да се водат преговори. Како главен ризик фактор за спроведување на Стратегијата ја посочи политиката.

Стратегијата во целост е усогласена со препораките на Оценската мисија за Судскиот совет. Во неа се предвидени активности за зајакнување на изборот, дисциплинската постапка и разрешувањето на судиите и јавните обвинители. Се зголемува транспарентноста на двата совети со одржување јавни седници кои ќе имаат директен пренос. Предвидени се реформи и во изборот, одговорноста и разрешувањето на претседател и членови на Судскиот совет.

-Измена на Законот за Судски совет во поглед на постапката за избор на членови од редот на судии со предвидување цензус. Измена на Законот за Совет на јавни обвинители. Измена на Закон за судови и Закон за јавно обвинителство. Прецизирање на постапката за избор на јавен обвинител на ОЈОГОКК. За зајакнување на капацитетите посочени се низа активности за Врховниот суд, јавните обвинителства и судовите. Целосно функционални АКМИС систем и систем за управување со предмети во јавни обвинителства. Реформи на Уставниот суд, адвокатура, нотаријат, медијација и извршување. Унапредување на институционалната рамка за вршење на адвокатската дејност,зголемување на ефикасноста, дигитализацијата и одговорноста на извршителите, велат од ресорот Правда.

Во однос на законодавната агенда предвидени се донесување на законската рамка за кривична и граѓанска материја. – нов Кривичен законик, Закон за кривична постапка, Граѓански законик.

Слични содржини