Лога: Уставот забранува смртна казна, иако таа би била спас за монструмите

од Nikola Popovski
238 прегледи

Министерот за правда, Кренар Лога изрази најдлабоко сочувство до семејството и пријателите на малата Вања Ѓорчевска која беше убиена пред една недела. Тој одговарајќи на новинарско прашање истакна дека Уставот забранува воведување смртна казна.

Според него, земјата има усвоено и протоколи и конвенции каде се забранува смртната казна. Сепак вели дека е меѓу граѓаните во земјата, кои мислат дека „смртната казна би била спас за тие монструми“.

-Сакам до крајот на својот живот да бидат свесни што направиле. Доживотна казна затвор е најмала казна што би требало да ја изрече судот. Монструмите го заслужуваат тоа, кажа Лога.

Министерот потенцираше дека тој има доверба во институциите.

Слични содржини