Вистината за лажните моралисти е дека тие ќе се повлечат од функцијата градоначалник бидејќи ВМРО-ДПМНЕ им вети законски измени, објави генералниот секретар на АА и министер за правда во заминување, Кренар Лога.
Според него, за неколку дена, законот ќе се промени и наместо предвремени избори на локално ниво, ќе имаме вршители на должност до редовните локални избори.
-Другите изјави се само за ПР и измама на соработниците. Ќе видиме уште еднаш дека професори како Намик Дурмиши, заменик-градоначалник, на кои им припаѓа да ја водат Општина Гостивар, ќе биде побарано да се повлечат бидејќи не се соодветни за ВМРО. Не бе друже, не е вистина, фантастика е, стои во објавата на Лога, која преставува и јавен став на АА, директно насочена кон членот на ВЛЕН и довчерашен лидер на партијата, Арбен Таравари.
Од овие законски измени веројатно ќе зависи и одлуката на Таравари дали ќе стане нов министер за здравство или ќе остане градоначалник на Гостивар. По средбата со австрискиот амбасадор вчера, Таравари рече дека ако е потребно да се организираат избори за неговиот наследник, тогаш тој веројатно ќе остане во локалната власт, иако, конечната одлука најави дека ќе ја донесе до понеделник.
Покрај него, се очекува ситуацијата и во општина Аеродром, со оглед дека градоначалникот Тимчо Муцунски се споменува како едно од имињата кои ќе биде дел од извршната власт.