Лога во „Идризово“: Мизерни и супстандардни услови, потребна е итна амнестија

од Nikola Popovski
493 прегледи

Министерот за правда Кренар Лога заедно со претседателот на Анкетната комисија за заштита на човековите слободи и права, Халил Снопче, членот на комисијата Драгица Ѓавочанова , дирекоторот на УИС Јовица Стојановиќ, директорот на КПУ ,,Идризово” Зоран Јовановски и заменик директорот Феми Јонузи, извршија увид и одблиску се запознаа со состојбата, условите во затворот, разговараа дирекно со затворениците и беа информирани за проблемите со кои се соочуваат.

Било констатирано дека во затворот има мизерни, катастрофални и супстандардни услови за издржување на затворските казни, пренатрупаност.

Затвореници спијат на под, нема соодветна здравствена заштита, нема соодветни санитарии, искршени кревети, мувлосани ѕидови, велат од Кабинетот на Лога преку соопштение.

Оттаму се додава дека овие услови докажуваат зошто е потребен итно Закон за амнестија, со кој барем минимално ќе се растеретат капацитетите.

Се работи за луѓе. И покрај извршинетите дела тие се луѓе и заслужуваат достоинство. Наместо ресоцијализација и враќање во нормален живот, со ваков третман состојбата на овие лица може да се влоши уште повеќе.

 

Апелираме оваа состојба да не се злоупотреби за политички цели а пратениците да покажат хуманост и да дадат поддршка на Законот за амнестија, се вели во соопштението.

Слични содржини