Логар: Многу е опасно ако Западен Балкан не се внесе во ЕУ

од Vladimir Zorba
224 прегледи

Министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар најави дека во мај на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ, Западен Балкан ќе биде една од главните теми.

Логар, исто така, изјави за виенскиот весник „Стандард“ дека Србија ќе мора да одлучи „на која фотелја сака да седне“ кога станува збор за односот на Белград кон украинската криза – или ќе одлучи за напредокот или политиката на попуштање пред слабеењето на силите.

Тој нагласи дека е неопходно да се покаже солидарност и да се приклучат кон санкциите против Русија, поради, како што вели, злосторствата што Русија ги прави во Украина.

Запрашан како ЕУ треба да реагира на зголеменото влијание на Русија во Србија, БиХ и Црна Гора, словенечкиот министер за надворешни работи рече дека регионот мора да се внесе во ЕУ, за да може во него да се спроведе европската надворешна и безбедносна политика и регионот за да не биде користен за хибридни активности кои имаат за цел да ја попречат или уништат Унијата.

„Многу е опасно ако регионот не се внесе во ЕУ“, предупреди тој.

Зборувајќи за украинската криза, тој оцени дека најголемата грешка на ЕУ е што не реагирала со остри санкции по руската анексија на Крим.

Слични содржини