“Лојалисти” на Талески протестираа пред битолска Апелација за да го поддржат

од desk3
201 прегледи

Во 14 часот денеска, во работно време, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, меѓу нив вработени и директори во јавните институции, излегоа на протест пред битолскиот Апелациониот суд и блокираа сообраќајот на Булеварот пред судската зграда за да му дадат поддршка на градоначалникот Владимир Талески.

Според нив Заев вршел притисоци врз судството и побараа судиите да внимаваат какви одлуки носат.

taleski-2
Ние сме граѓани поддржувачи на градоначалникот Владимир Талески и партиски членови кој го поддржуваме Талески. Тој нема никаква вина, вината е докажана кај Заев, а не се презема ништо.

Амбасадорите попладнево пак ги собираат лидерите на маса, тема се ИС и медиумите…

ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија, партија на чесни луѓе, што се покажа и преку градоначалникот. ВМРО секогаш е за чесност и искреност и на тој начин по третпат му ја даде поддршката на Талески. СДСМ да прекине да делува преку СЈО, да прекини со криминалните дејанија што се нивни својствен стил. Апел до судиите да внимаваат какви одлуки донесуваат-порачаа претставниците на протестаните

Слични содржини