Локален жител е напаѓачот во Русија

од desk2
86 прегледи

Мажот кој со нож нападна случајни минувачи во рускиот град Сургут, идентификуван е како локален жител.


„Истражителите го идентификуваат напаѓачот“, вели претставничка на Истражниот комитет Светлана Петренко, според прелиминарните информации, вели дека се работи за локален жител роден 1994 година, пренесе TASS.

Се очекуваат дополнителни информации како и тоа дали бил ментално болен.

Осум лица беа повредени кога непознат маж со нож нападна минувачи во Сургут, по што полицијата го уби, пренесе AFP.

Напаѓачот се движел во центарот на градот кога ги нападна минувачите со нож и рани осум луѓе, соопшти Истражниот комитет.

Вооружената полиција стигнала на местото на настанот и го ликвидирала напаѓачот.

Од ранетите лица две се во критична состојба, а пет се во стабилна состојба, велат од итната помош.
Владат повикува на смиреност, а медиумите да користат доверливи информации.