31
Вчера во попладневните часови избувна голем пожар во падините на Беласица, веднаш над с. Смолари на тешко достапен терен при што беше зафатена високостеблеста шума.
ТППЕ Струмица веднаш испрати 7 пожарникари-спасители со 2 теренски возила кои работеа цела ноќ на првата линија на пожарот.
Пожарот е локализиран и ставен под контрола и во текот на денешниот ден ќе се направат напори за негово целосно ликвидирање.
Според локалните жители, пожарот избувнал на три различни места и брзо се проширил. Денес се очекува дополнителна помош од вработени од „Национални шуми“, а доколку биде потребно, ќе се испратат и други екипи.