Локализиран пожарот во „Треска“: „Во погоните имаше остатоци од лепаци, сунѓери и боци“

од Nikola Popovski

Пожарот беше пријавен во 14 часот и 10 минути. Интервениравме веднаш. Приоритет ни беше да се спречи ширењето кон околните згради, што и го направивме. Изгаснат е во рамките на тоа што затекнавме и ова е успешна интервенција од наша страна, изјави командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Ѕвонко Толевски кој учествуваше во гаснењето на пожарот кај старата фабрика „Треска“.

Пожарникарот информира дека во самата фабрика, во погоните имало остатоци од лепаци, иверици, сунѓери, некоја боца.

-Не можеме да кажеме што ја предизвикало експлозијата. Истрагата ќе покаже. Немаме повредени пожарникари. Благодарност до сите колеги што помогнаа. Пожарот е целосно локализиран, додаде Толевски пред новинарите.

Слични содржини