Локализирани неколку пожари низ државата

од Nikola Popovski
160 прегледи

Во ЦУК на Единствениот број за итни случаи 112 вчера било добиено известување за пожар во Катланово и веднаш беа известени од Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје и Јавното претпријатеие „Национални шуми“.

Надлежните институции веднаш излегле на терен и ситуацијата е ставена под контрола. Командантот на БППЗ на Град Скопје при контактите со ЦУК посочил дека нема потреба од дополнителни сили и дека сами се справуваат со пожарот.

Според информациите на Јавното претпријатеие „Национални шуми“ – подружница „Караџица“ горело нискостеблеста шума и сува трева. Нивна екипа и екипи на БППЗ, дополнително ќе бидат на терен и ќе ја следат ситуацијата додека се доизгасне пожарот целосно.

Шест хектари површина гореле и во кумановското село Јачинце, соопшти денеска регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Пожарот, како што наведуваат се случил во попладневните часови, зафатил, сува трева, стрниште и еден помошен објект. Во гасењето учествувале пожарникари од Куманово и од Старо Нагоричане.

Вчера, во Куманово горела и површина кај Спомен костурницата. Пожарникарите интервенирале во четири наврати во близина на Спомен костурницата. За пожарите кај оваа локација реагираа и кумановци.

Слични содржини