Локализирани се сите пожари во Куманово

од Nikola Popovski

Пожарот во с. Бељаковце и с. Довезенце е изгаснат, се врши дополнително претражување на терен за целосна ликвидација на пожарот. Во моментов на територија на општина Куманово нема активни пожари, информира денеска градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Тој испрати благодарност до сите тимови кои пет дена работеа на гасењето на пожарите во Куманово и регионот.

-Остануваме во приправност и подготвени да помогнеме на другите општини, потенцира Димитриевски.

Денес од ЦУК соопштија дека во општина Куманово кај Бељаковце делува еден хеликоптер.

-Тука е активен пожарот од вчера и делуваат повеќе од 80 војници и пожарникари. Се очекува во текот на денот овој пожар да биде ставен под контрола, изјавија утринава на прес-конференција од ЦУК.

Слични содржини