Локалната самоуправа на општина Карпош започна со теренска информативна кампања

од Берта Китинска
276 прегледи

Локалната самоуправа започна со теренска информативна кампања, имајќи предвид дека голем број на граѓани поминуваат дел од своето време на отворен простор.

Изминативе денови се делеа информативни флаери во населбите Влае 2, „Владо Тасевски“ (Млечен), Козле и Карпош 2, а акцијата ќе продолжи и во другите населби.

Од теренските проверки, граѓаните во најголем дел ги почитуваат мерките, но има повеќе примери и на неносење заштитни маски и седење во поголеми групи. Во овие случаи, претставниците на Општина Карпош алармираа до граѓаните да одржуваат дистанца и да стават заштитна маска, затоа што сите носиме одговорност за намалување на ширење на овој вирус.

Комуналните служби на општината продолжуваат и со секојдневната дезинфекција и миење на улиците со цистерни, како и чистење на пофреквентните јавни површини.

Ги повикуваме сите граѓани и правни лица, во тек на продолжениот викенд уште повеќе да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и да избегнуваат масовни собири и семејни прослави, велат од општината.

Слични содржини