ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ: „Дуел“ во првиот круг во 21 општина – дали „неважечките“ може да ја нарушат математиката?

Дури во 21 општина ќе има изборен “дуел“. Можноста за победник уште во првиот изборен круг е голема и во општини со три до четири кандидати но доколу се постигне повисок праг на излезност. “Локално“ анализира какви се политичките изгледи за победа во првиот круг и во кои општини и дали “неважечките ливчиња“ може да ја “расипат “ математиката ...

од Nikola Popovski
49 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин

Доколку во првиот круг од локалните избори на гласање излезат повеќе од една третина од гласачите и доколу еден кандидат освои мнозинство, односно над 50% од гласовите, победник во трката за градоначалник може да се прогласи уште во првиот круг.

Според првичните политички анализи изборната трка во првиот круг очекувано е да заврши во општините каде има “изборен дуел“. Конкретно, според податоците од ДИК, соочување на двајца кандидати ќе има во 21 општина : Богданци, Боговиње, Босилово, Валандово, Василево, Врапчиште , Градско, Делчево, Желино, Зрновци, Карбинци, Кратово, Крива Паланка, Кривогаштани, Липково, Маврово и Ростуше, Ново Село, Петровец, Пласница Теарце, Штип.

Политичките аналитичари велат дека вообичаено, уште во првиот изборен круг градоначалник добиваат општини каде има изборен дуел но за ваквиот исход ќе биде важно колкав ќе биде корпусот на неважечки ливчиња.

“Досегашното искуство покажува дека во општините каде има соочување на двајца кандидати, изборите завршуваат уште во првиот круг, со победа на еден кандидат. Според резултатите од досегашните изборни циклуси, неважечките ливчиња се движат околу 3% од излезноста. Токму бројот на неважечки може да ја расипе “математиката“. Теоретски, во ситуација кога 3% од гласовите се неважечки а останатите 97% да бидат поделени на двајцата кандидати, тогаш победник нема, но стандардните сценарија кај нас покажуваат дека првиот круг во кој има “дуел“ завршува со избор на градоначалник “ – вели за “Локално“ аналитичарот Петар Арсовски.

Петар Арсовски/Фото: Принтскрин

За победа на градоначалник уште во првиот круг, според Изборниот законик, потребни се 50% плус 1 глас. Дел од аналитичарите велат дека веројатноста за изборна победа уште во првиот круг е возможна и онаму каде што има и по три до четири кандидати.

“Една од поголемите општини каде иако има четворица кандидати за градоначалници, изборите може да завршат уште во првиот круг, двајца кандидати влегуваат со поддршка која не “видлива“ на на кетите, а третиот кандидат е далеку зад фаворитот “ – вели познавач на политичките состојби за една општина од југозападниот дел на Македонија.

Еден од важните параметри за овие избори ќе биде и излезеноста.

“Сметам дека на овие локалани избори нема ризик за пад на излезеноста под 30%, напротив мислам дека ќе биде на 40%. Поголемиот праг на излезаност би бил во корист на владечката структура, односно на оној кој според анкетите е во предност“ – вели аналитичарот Арсовски.

Според него победа во првиот изборен круг може да има и во општини со повеќе од 4 кадидати, како што се на пример Аеродорм каде има 5 и Кисела Вода каде има  7 кандидати за градоначалници.

Освен  за Град Скопје со 16 кандидатури за градоначалник, поголем број на номинирани кандидати има и во Струга 9, Битола 8 а за Куманово, Кисела Вода, Долнени, Гази Баба  има по 7 кандидатури за градоначалник.