ВМРО-ДПМНЕ 22 градоначалници, СДСМ девет, ДУИ три и еден има ДПТМ е епилогот од првиот круг на локалните избори.
На вчера одржаните избори ВМРО-ДПМНЕ победи во: Аеродром, Босилово, Бутел, Велес, Виница, Гази Баба, Градсо, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Киосела Вода, Могиле, Неготино, Новаци, Петровец, Прилеп, Свети Николе, Сопиште, Ѓорче Петров и Штип.
СДСМ победи со Анго Ангов во Дојран, Звонко Пекевски во Берово, Блаже Шапов во Богданци, Перо Костадинов во Валандово, Горан Трајковски во Делчево, Сашко Митовски во Крива Паланка, Николче Мискоски во Кривогаштани, Томе Христоски во Крушево, Костадин Костадинов во Струмица.
ДУИ слави во Липково, Пласница и во Сарај, додека Демократската партија на Турците во Центар Жупа.
Согласно податоците од ДИК, втор круг сигурно ќе има во: Лозово, Росоман, Арачиново, Битола, Боговиње, Брвеница, Василево, Вевчани, Врапчиште, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Демир Хисар, Долнени, Желино, Зелениково, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Куманово, Маврово Ростуша, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Охрид, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Ресен, Студеничани, Старо Нагоричане, Струга, Теарце,Тетово, Чаир,Чашка,Чешиново-Облешево,Чучер Сандево, Шуто Оризари.
Во Центар и Карпош се пребројани над 90 односно 99 отсто, но со оглед на распоредбата на гласовите веќе познато дека ќе има втор круг, исто како и на ниво на Град Скопје.