Италијанскиот репрезентативец Мануел Локатели пристигна во Торино, каде што во наредните часови ќе биде претставен како нов играч на Јувентус.
По долги преговори помеѓу Сасуоло и Јувентус, конечно беше постигнат договор, а Локатели утрово се појави на лекарски прегледи.
📍 J|Medical
👀 @locamanuel73 👋 pic.twitter.com/SIpAHkRNPJ— JuventusFC (@juventusfc) August 18, 2021
Локатели ќе потпише договор со Старата дама до летото 2026 година, а Јувентус ќе плати 35 милиони евра за неговите услуги, но тој ќе игра како позајмен играч за торинскиот клуб во првите две сезони.
23-годишниот играч за врска е дете на Милан, за кого одигра 63 натпревари. После тоа, тој се пресели во Сасуоло, каде што целосно се изгради и во 3 сезони во овој клуб, одигра 99 натпревари, постигна седум гола и запиша 11 асистенции.