Локвенец објасни зошто возовите на пругата Скопје-Велес се движат со 20 км на час

од Nikola Popovski
199 прегледи

Обврска на секое железничко претпријатие е да го следи квалитетот на пругата и кондицијата на истата преку квалитетни машински мерења. Неформалните и неофицијалните резултати кои ги добивме после 10-годишна пауза се загрижувачки и баш заради тоа намалена е брзината, за во целост да се избегне ризикот од било каква железничка несреќа, изјави директорот на Јавното претпријатие „Железници“, Хари Локвенец, откако беше обелоденето дека возот од Скопје до Велес и обратно вози со брзина од 20 км на час.

Тој информира дека во моментот имаат стратегија и ангажман на пругата како би се подобрила и дека мора да се почитуваат препораките и сугестиите на експертите од оваа област.

-Дел по дел од пругата Скопје-Велес и дел по дел да ја зголемуваме брзината, за да ги исполнуваме очекувањата на граѓаните. Сигнализацијата, телекомуникациите и квалитетот на пругата се основните критериуми за безбедност и сигурност во железничкиот сообраќај, рече Локвенец во емисијата „Студио 10“.

Слични содржини