lokvenec

„Граѓаните на Република Македонија ги паметат изјавите на вашиот претходник кога за третата еврообврзница кажа дека ќе се користи за враќање на долгот од 2005 година. Следната година, 2015 година, истата причина беше посочена за земање на еврообврзницата. Како причина во таа година беше кажано дека средствата ќе бидат употребени за покривање на буџетскиот дефицит во 2015 и 2016 година. Куриозитет во целата изјава беше дека се гарантира целосна покриеност на буџетскиот дефицит во 2016 година.

И што се случи? Во 2016 година имаме ново задолжување од 450 милиони евра. До кога ќе оди вака? Нормалното функционирање на државата во ставивте на прашање. Оваа држава повеќе без кредитирање, не може да функционира. Па и денес покрај еврообврзницата се задолживме за нови 9.26 милиони евра на домашниот пазар!

Нашите деца се прашање. Како овие пари ќе бидат вратени?! Кога зборуваме за еврообврзницата како составен дел од овој ребаланс, основното нешто е дека е прекршена процедурата. Министре Миноски, како “врвен финансиер“ бидејки тврдите дека е намалена невработеноста, одговорете како е можно “енормно“ намалување на невработеноста и уште поголема дупка, задолжување на Фондот за пензиско? Ако ми одговорите, како држава може ќе добиеме прв пат Нобелова награда. Невозможно е, го лажете народот!“ рече во обраќањето Локвенец.

 

Слични содржини