Лончар: Вакцинацијата на младите ќе го забрза враќањето во нормала!

од Берта Китинска

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар денеска уште еднаш апелираше до сите граѓани, особено до младите, да се вакцинираат во што поголем број, бидејќи со тоа се спречува нов бран епидемии, додавајќи дека ќе се донесе одлука за можно олеснување на мерките само по детална анализа и проценка на епидемиолошките состојби на седницата на Кризниот штаб

Состанокот на кризниот штаб треба да се одржи до крајот на неделава.Запрашан од Танјуг дали на од тој состанок може да се очекува натамошно олеснување на мерките, Лончар рече дека одлуките се носат само кога ќе се анализираат податоците.

– На седницата прво правиме проценка, а потоа се донесуваат најповолни можни одлуки, затоа што имате здравствен систем од една страна, и економија од друга страна. Ние бараме да најдеме рамнотежа, и секој да биде максимално почитуван, но здравјето и животот секогаш се на прво место – рече министерот.

Лончар уште еднаш ја посочи важноста на имунизацијата, и апелираше до сите граѓани, особено до младите, да се вакцинираат во што поголем број, затоа што, како што вели, ова ќе го спречи новиот бран.

Тој посочува дека многу пациенти кои не се со ковид, чекаат на операција и затоа приоритет е враќање на болниците во редовните системи.

– Сега е сериозна работа, бидејќи ако некој мисли дека сè заврши со ова смирување на ситуацијата, тоа не е случај за нас. За нас, новиот период на враќање на старото штотуку започнува, но со сериозно заостанување, односно зголемени листи на чекање што се создадени досега – заклучи Лончар.

Слични содржини