Лондон: 13-годишно момче почина од коронавирус

од Vladimir Zorba
248 прегледи

13-годишно момче, кое било позитивно на коронавирусот, почина во Лондон, соопшти денеска „Кингс Колеџ“ болницата.

„Дејли мејл“ наведува дека Исмаил Мохамед Абдулвахаб од Лондон починал во понеделникот во таа болница и дека засега е непознато дали имал други здравствени проблеми.

„За жал, едно 13-годишно момче, позитивно на КОВИД-19, почина, а нашите мисли се со неговото семејство во ова време, на кое испраќаме сочувство“, се вели во соопштението на болницата.