Министрите во британската влада задолжени за безбедност на итен состанок ќе разговараат за истрагата по труењето на поранешниот руски воен разузнувач Сергеј Скрипал.

Се наведува дека на состанокот, кој го води министерката за внатрешни работи Амбер Рад, ќе бидат разгледани извештаите на полицијата, разузнавачките служб од Салисбури, каде во тек е истрага во која помага и британската војска.
AP наведува дека полицијата бара врски за мистериозниот напад на Скрипал и неговата ќерка Јулија, кои во неделата се најдени онесвестени на клупа покрај реката Ејвон во Салисбури.
Се наоѓаат во болница во критична состојба, отруени со редок вид нервен гас.