Лондон: Највисока стапка на смртност, како последица на пандемијата, забележана кај возачите на автобуси

од Stefanija Kuzmanovska
306 прегледи

Иако повеќето би помислиле на лекарите прво, кога станува збор за највисоко ниво на ризик од инфекција со Ковид-19, според Би-Би-Си, најголемата стапка на смртност во Лондон, како последица на пандемијата, е забележана кај возачите на автобуси.

Поточно, во просек, три пати повеќе од овие возачи починале од националниот просек за други професии. Од почетокот на пандемијата, најмалку 51 професионален возач на автобус почина во Лондон, по инфекција со корона.

За тоа говорат податоците на градската компанија „Transport for London“, а истражувањето спроведено од UCL (University College London) потврдува дека ќе беа спасени повеќе животи, доколку карантинот беше воведен порано.

Судејќи според резултатите од истражувањето, возењето со автобус во Лондон е едно од најопасните занимања во времето на пандемијата. Студијата, патем, се фокусираше на првиот бран на пандемијата – од март до мај 2020 година, кога дури 19 возачи на автобуси починаа како резултат на ковидот.

Откриено е дека тие имаат 2,97 пати поголема веројатност да починат од ефектите на короната, отколку мажите на слична возраст, но од другите професии во Англија и Велс. Покрај тоа, се наведува дека 80% од овие возачи престанале да работат до 3 април.

Ова значи дека тие се заразиле пред првото затворање, што следеше на 23 март минатата година. Во Англија, од 15 јуни е задолжително да се носат маски во јавниот превоз. Потоа беа воведени некои други мерки, како што се изолација на возачката кабина и намалувањето на бројот на патници.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, син на возач на автобус, им се заблагодари на „херојските“ работници во јавниот превоз за нивната неуморна работа во изминатата година.

Слични содржини