Раководството на лондонскиот градски транспорт објави дека се подготвува утре во главниот град на Велика Британија да пристигне околу милион луѓе на погребот на кралицата Елизабета Втора, пренесува АП.
Шефот на транспортот за Лондон, Енди Бајфорд денеска изјави дека луѓето веќе пристигнуваат и додаде дека врвот се очекува утре.
Низ целата земја, ќе бидат распоредени дополнителни 250 возови, вклучително и ноќни линии.