Лондон подготвен на Брисел да му исплати 50 млд. евра за Брегзит

од desk2
80 прегледи

Велика Британија даде великодушна понуда на Европската унија за Брегзит, објави BBC повикувајќи се на свои извори. Како што тврдат, Лондон е подготвен на Брисел да му исплати 50 милијарди евра по излегувањето на Велика Британија од Унијата.

Сè уште нема конечен договор за износот кој Лондон треба да го исплати по излегувањето, но Брисел со раширени раце ја прифатил оваа понуда, вели уредничката на BBC, Лаура Кунсберг.

Понудата е соопштена во Брисел по минатонеделната седница на владата со која раководи премиерката Тереза Меј.

Парите кои Велика Британија треба да ги плати на Унијата во склоп на Брегзит до сега беа главен камен за сопнување во преговорите.

Во септември премиерката Меј рече дека се подготвени да платат 20 милијарди евра, но Унијата бараше повеќе. Велика Британија сака да преговара за трговските односи по Брегзит, но Брисел прво сака да ги расчистат сметките, пред разидувањето со Лондон.

Велика Британија планира да ја напушти Европската унија на пролет 2019 година.