Лондон: Протест на Албанци поради дискриминација

од Vladimir Zorba

Албанците во Велика Британија вчера се собраа на мостот Вестминстер, во близина на Парламентот, каде протестираа против дискриминацијата, пренесоа локалните албански медиуми.

Албанците почнаа да изразуваат незадоволство од изјавата на британската секретарка Суела Браверман, која рече дека мигрантите од Албанија ја „напаѓаат“ Британија, без да споменува други народи. За тоа пишуваа и британските медиуми.

Во меѓувреме, албанскиот премиер Еди Рама рече дека ова прашање нема врска со Албанците, туку со „неуспешната гранична политика“ на Лондон.

Албанците кои протестираа ја пренесоа пораката дека тие не се криминалци, туку даночни обврзници кои придонесуваат за британското општество.

Слични содржини