145
Лондон се подготвува за пристигнувањето на ковчегот на кралицата. Тој ќе биде изложен 24 часа во Единбург за жителите да можат да се збогуваат со кралицата Елизабета Втора.
Како што јави известувачот на N1, кралот Чарлс Трети денеска доаѓа за прв пат како монарх во Парламентот за официјално да прими сочувство и оди во Единбург каде тој и неговото семејство ќе го придружуваат ковчегот до катедралата.
Ковчегот ќе биде изложен до понеделник, кога кралицата ќе биде испратена за последен пат.
Пристигнувањето го најавија бројни државници, меѓу кои и претседателот на САД – Џо Бајден.