Лондонските стадиони повторно без навивачи во Премиер лигата

од Nikola Popovski
346 прегледи

Спортските настани во Лондон ќе се одржуваат без навивачи од среда, откако главниот град на Велика Британија беше преместен во највисокиот степен на ограничување (трето ниво) поради големиот број на лица заразени со коронавирус.

До 2.000 навивачи им беше дозволено на отворено по завршувањето на вториот национален локдаун на 2 декември.

Според Би-Би-Си, натпреварот помеѓу Вест Хем и Кристал Палас во среда ќе биде без присуство на гледачи, како и натпреварите од Премиер лигата кон средината на неделата, на кои домаќини се Арсенал и Фулам.

„Разочарани сме што можеме да потврдивме дека не сме во можност да ги пречекаме навивачите на нашиот стадион за натпреварот во Премиер лигата против Саутемптон“, било објавено од Арсенал на нивниот Твитер профилот.

Натпреварот помеѓу Ливерпул и Тотенхем ќе биде единствен во средината на неделава во кој ќе биде дозволено присуство на навивачи, бидејќи во Ливерпул се уште не се воведени нови мерки.

Ливерпул, Евертон, Брајтон и Саутемптон се единствените клубови од Премиер лигата кои можат да бидат домаќини на до 2.000 гледачи на нивните стадиони.

Говорејќи пред најавата за премин во Лондон на ново ниво на затворање, тренерот на Челси, Френк Лампард, изјавил дека на навивачите сепак треба да им биде дозволено да влегуваат на стадионите кога ќе се воведат построги ограничувања на коронавирусот.

„На теренот ја видовме поддршката што ни ја даваат и што значи тоа во играта. Јас не и кажувам на Владата што да прави, но исто така мислам дека можеме да ги контролираме 2.000 навивачи кои доаѓаат на стадионот. Целата ситуција е несреќна во најмала рака“, вели Лампард.

Минатата недела, Челси имаше навивачи на нивниот стадион за првпат од месец март.

Слични содржини