Хулен Лопетеги веќе го известил Вест Хем за својата одлука да го преземе Милан и единствено што недостасува е конечното „да“ од шефовите на „росонерите“ за комплетирање на зделката, пренесува италијанското издание „Газета дело спорт“.
Поранешниот тренер на Реал Мадрид се сметаше за фаворит за замена на Стефано Пиоли, иако во последните денови имаше многу шпекулации дека „Сан Сиро“ би можел да се откаже од неговото назначување бидејќи голем број навивачи се изјаснија против тоа.
Веќе вчера „розовото издание“ објави дека газдите на Милан се подготвени да му понудат договор на три години со плата од четири милиони евра по сезона.
Наскоро се очекува двете страни да се ракуваат, но тешко дека договорот ќе биде објавен пред крајот на кампањата.
Милан моментално е на второто место во Серија „А“ со 70 бодови. „Росонерите“ заостануваат зад шампионот Интер со 19 бода, но имаат пет бода предност пред третопласираниот Јувентус.