Лопетеги се упатува кон Мексико

од Vlatko K
186 прегледи

Поранешниот тренер на Реал Мадрид и репрезентацијата на Шпанија, Хулен Лопеги, се чини дека ќе
ја продолжи кариерата во Мексико. Тој е фаворит за тренер на Чивас Гвадалахара, пишува
„Унивизион“.


Според информациите, спортски директор на мексиканскиот клуб отишол во Шпанија за лично да
се сретне со Лопетеги.

Лопетеги имаше само 14 натпревари на чело на Реал Мадрид, во кои тимот претрпе шест порази.
Поразот во „Ел Класико“ со 1: 5 на „Камп Ноу“ беше неговиот последен меч на чело на „кралевите“.

Потоа тој беше отпуштен од претседателот Флорентино Перез и од октомври е без работа.