Лоренс зема одмор од снимање филмови, ќе се занимава со политика

од Vladimir Zorba
214 прегледи

Џенифер Лоренс ќе земе едногодишна пауза од кино за да се посвети на својата нова цел – да ги вклучи младите луѓе во политиката. 27-годишната актерка сака да ја фокусира целата своја енергија за работа со добротворната организација „Represent.Us“, која им помага на младите да се запознаат со локалните политички проблеми и да земаат учество во нивно решавање.

„Оваа организација помага за борбата против корупцијата и за усвојувањето на закони, кои ќе ја спречат, и ќе ја подобрат нашата демократија“, изјави таа за „Entertainment Tonight“.

Лоренс никогаш не била рамнодушна кон политиката. Во јануари зеде учество во „Women’s March“ каде од говорницата повика за заштита на правата на жените и за еднаква плата. Пред тоа зборуваше пред група студенти на Универзитетот во Кливленд, за тоа колку е важно да земаат став за политички прашања и да бидат заинтересирани за добротворни цели.

„Мојата политичка страст стана речиси опсесивна. Не верувам дека има некој кој е целосно задоволен со својот живот, но во моментот кога ќе го средите вашиот дом и вашиот личен живот, погледнете го светот околу вас и помислите – како да го поправам. Што можам да направам?“, објаснува актерката.

Слични содржини